Денеска во Собранието е закажана седница на која по скратена постапка ќе се носи и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија.
Иако по новата еврообврзницата се бараа и дополнителни 300 милиони евра за буџетски потреби, неколку банки меѓу кои од Германија, Аргентина, САД, Австрија се договориле да дадат 260 милиони евра.
Планот е средствата да се искористат за буџетски потреби, како и за финансирање на капитални расходи. Рокот за отплата на заемот е седум, со грејс период од три години.
Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина која изнесува 2,10%, односно околу 4,4 %.
Слични новости
ВМРО ДПМНЕ : СДСМ се занимава со изборите во Унгарија наместо со домашна политика
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДС и лидерот Венко Филипче се занимаваат со, како што велат, изборните резултати во Унгарија, наместо со внатрешните политички и партиски предизвици во Македонија.
Мицкоски изјави дека има чувство дека ќе бидат гонети поранешни премиери на СДСМ и нивни блиски роднини
Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство, изјави Мицкоски
Студенти и граѓани кои работеле во странство протестираа пред УЈП
Пред седиштето на УЈП се одржа протест на студенти и други граѓани кои работеле во странство, а на кои им стигнало писмо од УЈП дека треба да платат данок.


