Не стивнуваат реакциите по скандалот што се случи со пејачот Аца Лукас кога беше прекинат неговиот концерт во Кавадарци. Тој беше приведен од страна на полицијата, а според официјалното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, Лукас во ресторанот во Кавадарци настапувал без потребна дозвола.
Од овие причини околу 00.10 часот концертот на Аца Лукас беше прекинат и пејачот беше однесен во судот во Кавадарци, каде по скратена постапка, бидејќи е странец, му беше изречена парична казна. Кога се случи инцидентот, на социјалните мрежи се огласи и менаџерот на пејачот со скандалозно обвинување.
На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледа како го приведуваат Аца Лукас пред локалот во кој настапуваше. Од она што можеше да се види на снимката, гостите беа излезени од локалот и збунето гледаа што се случува, додека српската фолк-ѕвезда заедно со припадниците на полицијата замина кон станицата.
Во текот на вчерашниот ден се огласи и МВР во врска со апсењето на Лукас, и беше соопштено дека пејачот настапувал без потребната дозвола, по што му била изречена и парична казна. При контролата во истиот угостителски објект биле констатирани и прекршоци за неиздавање на фискална сметка и прекршување на Законот за пушење. Констатирано било и дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволеното, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Како што пренесе кавадаречката КТВ, настапот на српската ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци бил прекинат поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и прекршување на правилата за работа на локалот. Ова за телевизијата го потврди и градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, додавајќи дека нема да дозволи Кочани сценарио во неговиот град и дека безбедноста треба секогаш да е на прво место.
Градоначалникот Јанчев објасни дека организаторите однапред поднеле барање до Општина Кавадарци за поставување урбана опрема и проширување на просторот за концерт, но барањето било одбиено поради проценка дека условите се небезбедни.
„ Беше побарано од Општина Кавадарци дозвола за поставување опрема за настанот на Аца Лукас. Комисијата утврди дека нема услови за тоа, поради безбедносни причини. На 14.11 барањето беше одбиено, а сопственикот беше писмено и усно информиран“, изјавил Јанчев, пренесе КТВ во својата објава на Фесбук.
Како што пренесува овој медиуми, локалот во којшто настапувал Лукас имал капацитет од 200 гости, а внатре биле затекнати дури 700 лица.
„Не смееме да дозволиме да се повтори трагедија како онаа во Кочани. Локали пренатрупани со гости, без почитување на безбедносните мерки, тоа во Кавадарци нема да помине“, изјави градоначалникот на Кавадарци, пишува КТВ
Јанчев напомена и дека ангажманот на самиот изведувач не бил пријавен ниту во Агенцијата за вработување, ниту во Министерството за труд, што претставува дополнителен прекршок.
Инаку, по скандалот се огласи и Аца Лукас, прашувајќи зошто воопшто било дозволено настапот да се одржи, иако истиот не бил пријавен.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


