Француската крајно десничарска лидерка Марин Ле Пен во понеделникот беше прогласена за виновна за злоупотреба на средства од Европската унија и осудена на петгодишна забрана за вршење јавна функција, што ќе ја спречи да се кандидира за претседател во 2027 година, освен доколку не поднесе жалба на пресудата.

Пресудата значи катастрофален удар за Ле Пен, основачка и неформална лидерка на партијата Национален собир (RN) која по преименувањето од Национален фронт (FN) се оддалечува од своите екстремни ставови, и е фаворит во анкетите за претседателските избори во Франција во 2027 година.

Ле Пен, партијата RN и 24 членови на партијата се обвинети дека пренасочиле повеќе од четири милиони евра од Европскиот парламент за плаќање на персонал во Франција. Тие тврдеа дека парите биле искористени легитимно и дека обвиненијата премногу тесно дефинирале што прави пратеничкиот асистент.

Судијката Бенедикт де Пертуис рече дека Ле Пен е „во центарот“ на измамата. Таа тврдеше дека е „утврдено дека сиве овие луѓе всушност работеле за партијата, без да им бидат дадени никакви задачи од (ЕУ) законодавецот“.

„Истрагите покажаа и дека не станува збор за административна грешка… туку за проневера во системот кој бил воспоставен за да се намалат трошоците на партијата“, рече судијката.

Судиите ѝ изрекаа казна на Ле Пен на четири години затвор, две години условно и парична казна од 100.000 евра.

Политичките коментатири веруваат дека е речиси сигурно дека Ле Пен ќе се жали на пресудата и ниту една од казните нема да се применува додека жалбите не се разрешат. Сепак, петгодишната казна за вршење јавна функција стапува во сила веднаш, преку таканаречената мерка „привремено извршување“ што ја побараа обвинителите, а ќе биде укината само ако жалбата биде уважена пред изборите.

Ле Пен ќе го задржи своето место во Националното собрание (францускиот парламент) до крајот на мандатот. Таа во моментов ја води единствената најголема партија во парламентот.

Арно Бенедети, политички аналитичар кој има напишано книга за Национален собир, тврди дека петгодишната забрана за Ле Пен е пресвртница во француската политика што ќе одекне низ партиите и избирачкото тело.

Познавачите на системот потсетуваат дека жалбите во Франција може да траат со месеци, па дури и со години.

Од нејзиниот прв пораз од Макрон во 2017 година, Ле Пен трпеливо работеше на ублажување на нејзиниот имиџ, насочувајќи ја својата партија кон политичкиот мејнстрим и настојувајќи да се прикаже себеси како трпелив иден лидер, а не како радикален противник на системот.

globe

Слични новости

Американски сенатори за санкции против Русија доколку ги блокира мировните преговори со Украина

Американски сенатори за санкции против Русија доколку ги блокира мировните преговори со Украина

Половина од американскиот Сенат, 25 републиканци и 25 демократи, во вторникот ги здружија силите за да предложат санкции кои ќе ѝ бидат наметнати на Русија доколку таа одбие да се вклучи во добра волја во мировни преговори со Украина