Данскиот парламент едногласно го усвои безедносниот договор со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд, со што заврши парламентарната процедура за документот со кој се проширува улогата на американските воени сили на арктичкиот остров.
Британски „Индипендент“ пренесува дека за спогодбата гласале сите пратеници во данскиот парламент.
Спогодбата која на 22 септември ја потпишаа САД, данска и Гренланд претставува обид за надминување на дипломатската криза предизвикана од барањата на Доналд Трамп САД да го преземат Грендланд, кој е автономна територија на Данска.
Со спогодбата се потврдува територијалниот интегритет и суверенитет на Данска, како и правото на жителите на Гренланд за самоопределување.
Слични новости
Умре жената чие исфрлување од станот доведе до протести и избори во Шпанија
Марикармен Абискал 87-годишната жена која на 23 септември беше исфрлена од нејзиниот дом во Мадрид и стана симбол на масовните протести за подобрување на пристапот за добивање станови во Шпанија, почина во болница во Мадрид.
Трамп се правда поради изјавите за бомбардирање на Лос Анџелес и Сан Диего
Во објавата на неговата социјална мрежа „Truth Social“ Трамп ги обвини медиумите кои ги нарече „лажни вести“ дека намерно ги претставуваат неговите изјави во погрешно светло.
САД: Дозволата за работа странските студенти би можела да ги чини 70.000 долари, наместо досегашните 500
Мерката е дел од пошироката кампања на претседателот Доналд Трамп насочена кон странците со работни визи. Се очекува мерката на американската влада, како и сите други контроверзни мерки досега да биде оспорена на суд.


