По осум години преговори, Европската Унија и Австралија ги финализираа разговорите за договор за слободна трговија, што отвора ново поглавје во економските односи меѓу Брисел и Канбера.
Договорот предвидува укинување на царините и трговските бариери, а доаѓа во момент кога ЕУ забрзано бара посигурни и поразновидни партнери во време на глобални тензии.
Европската комисија и австралиската влада објавија дека преговорите за Договорот за слободна трговија се успешно заокружени. Веста ја соопштија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и австралискиот премиер Ентони Албанезе, кои нагласија дека станува збор за кулминација на процес што траеше осум години.
Главната цел на договорот е целосно отстранување на царините и другите трговски пречки, со што се очекува полесен проток на стоки и услуги меѓу двете страни.
Слични новости
Цената на нафтата откако синоќа падна, денеска повторно надмина 100 долари за барел
Раст на цената на нафтата уследи откако вчера се намали за 10 отсто по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи нападите врз Иран и најави разговори со Техеран.
Словенија го ограничи купувањето гориво
Словенија го ограничи купувањето гориво за да се справи со недостигот на бензинските пумпи, предизвикан делумно од прекуграничното снабдување со гориво и складирањето поради војната во Иран.
Голдман Сакс: Европската централна банка во април ќе ги качи каматните стапки
Њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс очекува дека Европската централна банка (ЕЦБ) во април и во јуни ќе ги зголеми каматните стапки за по 25 базни поени.


