Примирјето во трговската војна меѓу Европската Унија и САД е повторно загрозено.. Ратификацијата на договорот во Европскиот парламент (ЕП) е ставена на чекање и неизвесно е кога ќе се најде на дневен ред и дали воопшто ќе биде одобрена, пишува „Политико“.

Ова следува по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека воведува нови царини за осум држави на стариот континент кои испратија воен персонал на Гренланд и се противат на преземање на островот од Вашингтон.

Потврда дека ЕП нема да продолжи со ратификацијата на договорот дојде по промената на ставот на Европската народна партија (ЕПП).

Според нејзиниот претседател, Манфред Вебер, ескалацијата на тензиите значи дека Парламентот нема да гласа за пакт што би поставил американски тарифи за увоз од ЕУ на 15 проценти во замена за немање тарифи за американскиот извоз.

„ЕПП е за трговски договор меѓу ЕУ и САД, но со оглед на заканите на Доналд Трамп во врска со Гренланд, одобрувањето не е можно во оваа фаза“, напиша Вебер. „Тарифите од 0 проценти за американските производи мора да бидат ставени на чекање“.

Трамп објави дополнителни царини од 10 проценти за европските земји кои испратија мал контингент на воен персонал на Гренланд. Тој објави дека царината ќе се зголеми на 25 проценти од 1 јуни и ќе остане на сила „додека не се постигне договор за целосно купување на Гренланд“.

Членовите на Европскиот парламент нагласуваат дека ЕУ мора да се подготви за одговор.

 

Слични новости

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цената на нафтата Брент повторно скокна и стигна до 107 долари по барел, што е раст повисок од 5 проценти во однос на вчерашниот ден, неколку часа откако американскиот претседател најави брзо завршување на војната со Иран

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Во обраќањето до нацијата од Белата куќа Трамп порача дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат и постројките за нафта, доколку не биде постигнат договор со иранските лидери.