Примирјето во трговската војна меѓу Европската Унија и САД е повторно загрозено.. Ратификацијата на договорот во Европскиот парламент (ЕП) е ставена на чекање и неизвесно е кога ќе се најде на дневен ред и дали воопшто ќе биде одобрена, пишува „Политико“.
Ова следува по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека воведува нови царини за осум држави на стариот континент кои испратија воен персонал на Гренланд и се противат на преземање на островот од Вашингтон.
Потврда дека ЕП нема да продолжи со ратификацијата на договорот дојде по промената на ставот на Европската народна партија (ЕПП).
Според нејзиниот претседател, Манфред Вебер, ескалацијата на тензиите значи дека Парламентот нема да гласа за пакт што би поставил американски тарифи за увоз од ЕУ на 15 проценти во замена за немање тарифи за американскиот извоз.
„ЕПП е за трговски договор меѓу ЕУ и САД, но со оглед на заканите на Доналд Трамп во врска со Гренланд, одобрувањето не е можно во оваа фаза“, напиша Вебер. „Тарифите од 0 проценти за американските производи мора да бидат ставени на чекање“.
Трамп објави дополнителни царини од 10 проценти за европските земји кои испратија мал контингент на воен персонал на Гренланд. Тој објави дека царината ќе се зголеми на 25 проценти од 1 јуни и ќе остане на сила „додека не се постигне договор за целосно купување на Гренланд“.
Членовите на Европскиот парламент нагласуваат дека ЕУ мора да се подготви за одговор.
Слични новости
ОПЕК + го зголемува производството на нафта
Клучните производители, предводени од Саудиска Арабија и Русија, се согласија да ги зголемат своите мајски производствени цели за околу 206.000 барели дневно.
Цената на нафтата стабилизирана на 110 долари за барел
Цената на нафтата утрово се стабилизира на околу 110 долари за барел како резултат на извештаите дека се преговара примирје од 45 дена.
Од полноќ дизелот поскапува на 98 денари, а еуросуперот БС-95 поевтинува на 83,5 денари
Во формирањето на новите цени влијание имале одлуките на Владата за намалување на акцизите и за повластената даночна стапка за одредени енергенти.


