Кипар ја зајакнува својата одбрана откако Франција најави испраќање фрегата, противракетни и анти-дрон системи, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16 и две фрегати кон островот.
Кипарските медиуми пренесоа дека одлуката на Париз да ја зајакне безбедноста на Кипар следува по телефонските разговори меѓу кипарскиот претседател Никос Христодулидис и францускиот претседател Емануел Макрон.
Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас соопшти дека четири авиони Ф-16 на грчкото воено воздухопловство веќе слетале на Кипар како дел од „превентивните мерки“ и засилената соработка меѓу двете држави.
Две грчки фрегати се на пат кон островот, додека се очекува дополнителна координација меѓу европските партнери. Кипар побарал поддршка и од Германија, а официјална одлука од Берлин се очекува во наредниот период.
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
