Амазон – МГМ студиото решија филмот „По ловот“ на Лука Гвадињано кој беше во официјална конкуренција на Филмскиот фестивал во Венеција, во Америка да има лимитирани проекции на специјализираниот Бокс Офис, а филмот потоа да донесе масовна гледаност на нивната стриминг платформа.
Стратегијата се чини успешна, затоа што филмот ќе има најдобар просек на цена викендов која надминува 30.000 долари по кино.
Психолошкиот трилер е за обвинување за сексуален напад кој ќе ја поремети академската заедница на универзитетот Јеил. Заедно со Џулија Робертс во филмот играат и Ајо Едебири, Ендрју Гарфилд, Мајкл Сталберг и Клое Севињи.
Слични новости
Рибниот фонд на Медитеранот и Црното море се опоравува
Нивото на прекумерно ловење риба падна за 50 насто од 2013 година, додека уделот на рибни видови кои се ловат е двојно зголемен, благодарение на повнимателното управување со риболовот.
Зоотопиа 2 со фантастичен старт на празничниот Бокс Офис за денот на благодарноста
Анимираниот семеен филм „Зоотопиа 2„ на студиото Волт Дизни на Денот на благодарноста во средата заработи 39,5 милиони долари во САД, а се очекува за време на петдневниот празничен период до недела, филмот да заработи над 140 милиони долари на кино благајните во САД.
Аманда Лир на новиот албум првпат ќе пее на француски
Иако во 2016 година објави дека „се повлекува од шоу-бизнисот“, наведувајќи го „заморот од естрадата“ како причина, се чини дека за Аманда Лир таа одлука е минато, бидејќи, по неколкуте успешни театарски и неколку филмски улоги, виталната 79-годишна пејачка и актерка одлучи да се врати на пеењето со својот 23-ти студиски албум, нејзин прв на француски јазик


