Амазон – МГМ студиото решија филмот „По ловот“ на Лука Гвадињано кој беше во официјална конкуренција на Филмскиот фестивал во Венеција, во Америка да има лимитирани проекции на специјализираниот Бокс Офис, а филмот потоа да донесе масовна гледаност на нивната стриминг платформа.
Стратегијата се чини успешна, затоа што филмот ќе има најдобар просек на цена викендов која надминува 30.000 долари по кино.
Психолошкиот трилер е за обвинување за сексуален напад кој ќе ја поремети академската заедница на универзитетот Јеил. Заедно со Џулија Робертс во филмот играат и Ајо Едебири, Ендрју Гарфилд, Мајкл Сталберг и Клое Севињи.
Слични новости
Претставата „Хари Потер“ со најголема заработка на Бродвејскиот Бокс Офис
Претставата „Хари Потер и проколнатото дете“ со Том Фелтон кој игра и во филмот Хари Потер и натаму е прва на Бродвејскиот Бокс Офис со заработка од околу 3 милиони долари минатата недела.
„Бугониа“, „Сират“ и „Звукот на падот“ со најмногу номинации за европските филмски награди во техничките категории
Европската филмска академија ги соопшти номинациите за Европските филмски награди ЕФА за 2026 за техничките категории, а најмногу номинации има филмот на грчкиот режисер Јоргос Лантимос „Бугониа“ со Ема Стоун „Бугониа“
Џакарта стана најнаселен град во светот
Токио веќе не е најнаселениот град на свет, туку го престигнаа Џакарта и Дака, покажуваат најновите податоци на Обединетите Нации. Џакарта е на првото место со близу 42 милиони жители


