Амазон – МГМ студиото решија филмот „По ловот“ на Лука Гвадињано кој беше во официјална конкуренција на Филмскиот фестивал во Венеција, во Америка да има лимитирани проекции на специјализираниот Бокс Офис, а филмот потоа да донесе масовна гледаност на нивната стриминг платформа.
Стратегијата се чини успешна, затоа што филмот ќе има најдобар просек на цена викендов која надминува 30.000 долари по кино.
Психолошкиот трилер е за обвинување за сексуален напад кој ќе ја поремети академската заедница на универзитетот Јеил. Заедно со Џулија Робертс во филмот играат и Ајо Едебири, Ендрју Гарфилд, Мајкл Сталберг и Клое Севињи.
Слични новости
Скарлет Јохансон ќе ја игра главната улога во новиот филм „Егзорцист“ во обид да се оживее хорор франшизата
Сценарист и режисер на новиот „Егзорцист“ е Мајк Фланаган, а продукцијата на филмот е на студијата Блумхаус и Универзал. Ова е нов обид за оживување на франшизата која стана славна со првиот „Егзорцист“ од 1973 со Макс фон Сидов за кој филмот доби дури 10 номинации за Оскар.
Три нови обвинувања за сексуален напад против Оскаровецот Кевин Спејси
Посрамениот актер Кевин Спејси се соочува со три нови обвинувања за сексуален напад пред судот во Лондон следната година. Би Би Си објави дека обвинувањата се поднесени од тројца различни мажи
Почина модната дизајнерка Пам Хог
Почина Шкотската модна дизајнерка и музичарка Пам Хог, позната по својот панк-рок стил и екстравагантните облеки што ги обожаваат познатите личности, објави нејзиното семејство на социјалните мрежи


