Амазон – МГМ студиото решија филмот „По ловот“ на Лука Гвадињано кој беше во официјална конкуренција на Филмскиот фестивал во Венеција, во Америка да има лимитирани проекции на специјализираниот Бокс Офис, а филмот потоа да донесе масовна гледаност на нивната стриминг платформа.
Стратегијата се чини успешна, затоа што филмот ќе има најдобар просек на цена викендов која надминува 30.000 долари по кино.
Психолошкиот трилер е за обвинување за сексуален напад кој ќе ја поремети академската заедница на универзитетот Јеил. Заедно со Џулија Робертс во филмот играат и Ајо Едебири, Ендрју Гарфилд, Мајкл Сталберг и Клое Севињи.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


