Братислава би можела да ја преземе улогата на главен противник на новиот финансиски пакет на Европската унија за Украина, по политичките промени во Унгарија. Европски политичари наведуваат дека Словачка би можела да го блокира кредитот од 90 милијарди евра за Украина.  

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека ја почитува одлуката на унгарските избирачи и му ја честиташе победата на Петар Маѓар. Сепак, нагласи дека надворешно-политичките приоритети на Словачка нема да се менуваат, вклучувајќи ја и војната во Украина и енергетската соработка во регионот.

Потенцијалното блокирање на новиот пакет помош за Украина би можело дополнително да ги продлабочи разликите внатре во ЕУ, особено меѓу земјите што инсистираат на силна поддршка на Киев и оние кои се почесто ја критикуваат политиката на Брисел во однос на Украина.

Слични новости

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона