Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека се мачи да игра на посакуваното ниво, по елиминацијата во второто коло на турнирот во Индијан Велс.

„Работите се поинакви за мене во последните неколку години. Се мачам да играм на посакуваното ниво. Од време навреме имам неколку добри турнири, но тоа е вистински предизвик и за мене е тоа вистинска борба“ рече Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер кој има најмногу грен слем титули во историјата на тенисот утринава беше елиминиран од 85 играч на светот Холанѓанецот Ботик ван Де Зандсхулп со 2:1 во сетови.

Ѓоковиќ загуби уште во првиот меч на Индијан Велс, откако во првото коло беше слободен, а во третиот решавачки сет загбуби со 6:1. „Имав шанси, но правев ужасни грешки“ изјави Ѓоковиќ.

Холанѓанецот Ван Де Зандсхулп влезе на турнирот како лаки лузер, а во третото коло ќе игра против Аргентинецот Франсиско Серундола.

Слични новости

Атедокумбо  ја надмина границата од 20.000 поени

Атедокумбо ја надмина границата од 20.000 поени

Најдобриот грчки кошаркар за помалку од 25 минути постигна 32 поени и 15 скока, достигнувајќи вкупно 20.010 поени и стана 52-от играч во историјата на НБА лигата кој ја надминал границата од 20.000 поени