Бранот стечаи во Германија ги привлече полските и чешките компании кои тргнаа во потрага за шанси да го прошират нивниот бизнис на најголемиот пазар во Европа, пишува Ројтерс.

Стагнацијата на стопанскиот раст на германската економија ја намали вредноста на германските компании, а на чешките и полските фирми им е од полза големата ликвидност и периодот на релативно ниски трошоци на задолжување.

Податоците на германската централна банка покажуваат дека чешките вложувања во Германија во 2023 пораснаа за близу 30 насто и се приближија на нивото од 5 милијарди евра.

Полските комапнии, пак, од почетокот на годинава презедоа шест германски компании, во споредба со само две во 2024.

Германската економија во моментов го бележи најдолгиот период на пад на активности од Втората светска војна.

Германските судови во септември примија за 10,4 насто повеќе барања за стечај отколку во минатата година, покажуваат статистичките податоци.

 

Слични новости

Цените на среброто соборуваат рекорди

Цените на среброто соборуваат рекорди

Индустриската побарувачка за среброто нагло порасна, пред се за потребите на соларните панели, електирчните возила и електрониката. Од друга страна, производството во рудниците не успева да ја следи потрошувачката што создава дефицит на сребро.

Претпазливост на Волстрит пред одлуките на Fed

Претпазливост на Волстрит пред одлуките на Fed

На Волстрит берзанските индекси во вторникот забележаа само мали придвижувања, бидејќи инвеститорите се претпазливи пред објавувањето на одлуките од состанокот на челниците на американската централна банка