Државни „Пошта на Македонија“ според ревизорскиот извештај продолжува со континуирани финансиски загуби и зголемени трошоци за ангажирање лица по договор. И покрај намалените трошоци за плати, во 2024 година бројот на вработени пораснал на 2.267 лица, додека трошоците за хонорарци скокнале за речиси 29 милиони денари споредено со претходната година.

Вкупната задолженост на компанијата достигнала алармантни 89,26%, со краткорочни кредити подигнати од други државни компании како МЕПСО, Државна лотарија и Номагас. Во извештајот се истакнува дека понатамошното функционирање на „Пошта“ зависи од финансиската поддршка од државата, поради високите трошоци и сè поизразениот недостиг на ликвидност.

 

 

Слични новости

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија

Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ