Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година.
Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука.

Откако ќе заврши електронското пријавување, ученците на 18 јуни и на 19 јуни треба да ја достават потребната документација до училиштата.
Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница.
Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 23 јуни 2025, кога ќе бидат објавени и резултатите.
Второто електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025
Слични новости
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија
Двајца македонски државјани, кои со мотоцикл се движеле по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, се здобиле со тешки телесни повреди откако со мотоциклот удриле во заштитен ѕид на коловозот.
Родителите на настраданите во Кочани побараа од обвинителството да им го објасни обвинителниот акт
Родителите на починатите во „Пулс“ истакнаа дека ја продолжуваат борбата за правда и дека имаат право да знаат кои лица се обвинети, а кои не се и кои се причините за тоа.
Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани
За разлика од досегашните, овој протестен марш во Кочани ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.