Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска од Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки в среда ќе допатува во Скопје.
Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
На првиот ден од овогодишната петта по ред западнобалканска турнеја, Фон дер Лајен денеска во Тирана ќе има средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, по што ќе се обрати на отворањето на Регионалниот инвестициски форум на ЕУ за Западниот Балкан.
Попладнево Фон дер Лајен ќе отпатува за Тиват, каде ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милановиќ и премиерот Милојко Спајиќ, а утре ќе учествува на Инвестициска конференција за паметна и зелена иднина.
Од Тиват, Фон дер Лајен утре ќе замине за Сараево на средби со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, по што ќе го посети и Меморијалниот центар во Сребреница.
Фон дер Лајен од БиХ ќе отпатува за Белград, каде в среда претпладне ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Ѓуро Мацут, по што ќе замине за Приштина на средби со косовската претседателка Вјоса Османи и техничкиот премиер Албин Курти.
Од Приштина, Фон дер Лакен в среда попладне ќе допатува во Скопје, кое ќе биде последна етапа од нејзината турнеја низ Западниот Балкан.
Европската комисија соопшти дека оваа турнеја ќе биде можност Фон дер Лајен да ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот во Унијата и за нивниот постепен пристап до Единствениот европски пазар, како и да разговара за спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан.
Оваа петта по ред годишна турнеја на Фон дер Лајен на Западен Балкан по оние од претходните четири години, како што наведува ЕК, ја потврдува важноста што регионот ја има за Европската Унија.
Слични новости
Арсовски бара извинување од СДСМ: Немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“
Ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери, изјави поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари
И покрај укажувањата дека пченицата постоела и била употреблива, направен е записник што го тврди спротивното, т.е документ со контрадикции, кој сепак е прифатен на владина седница. Тоа значи дека Заев, Николовски и актуелниот претседател на СДСМ во опозиција, Венко Филипче, како дел од тогашната владина структура, формално легитимирале документ што не кореспондирал со фактичката состојба на терен, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во врска со скандалот со отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од стоковите резерви.
Димитријевиќ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, крадењето мора да запре
Фирмата ’Дигитал оне’, е формирана на крај на август лани и сите овие тендери со владини и државни институции се во период од мај-ноември 2025. Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси девет милиони евра за само шест месеци, велат од СДСМ


