Повеќе од четири години по смртта на Диего Армандо Марадона, во вторник започнува судењето на седум здравствени работници обвинети за небрежност што потенцијално доведе до смрт на аргентинската фудбалска икона.
Судењето во Сан Исидро, предградие на Буенос Аирес, се очекува да трае до средината на јули, со сослушување на речиси 120 сведоци, меѓу кои семејството, експерти и долгогодишните лекари на Марадона низ годините, според.

Обвинетите се гонат за „убиство со крајна умисла“, карактеристично кога едно лице ќе изврши непромислено дело знаејќи дека може да предизвика нечија смрт. На обвинетите им се заканува затворска казна од 8 до 25 години.
Обвинетите се неврохирургот Леополд Луке, психијатарот Агустина Косахова, психологот Карлос Дијаз, медицинскиот координатор Ненси Форлини, координаторот за медицински сестри Маријано Перони, клиничкиот лекар Педро Пабло Ди Спања и медицинската сестра Рикарда Алмирона.
Марадона почина од кардиореспираторна криза на 25 ноември 2020 година на 60-годишна возраст, сам во медицински кревет во приватна резиденција во Тигре, каде што се закрепнуваше по неврохируршка операција поради хематом на главата.
Слични новости
Реал Мадрид со победа скока на второто место
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Рајо Ваљекано со 2:1 на домашен терен во 27. коло од шпанското првенство и се искачија на второто место на табелата
Кастелс се откажа од белгиската репрезентација во знак на протест
Белгискиот голман 32-годишниот Коен Кастелс ја напушти репрезентацијата во знак на протест поради претстојното враќање во тимот на неговиот сонародник и врсник Тибо Куртоа
По елиминацијата во Индијан Велс Ѓоковиќ изјави дека се мачи да игра на посакуваното ниво
Српскиот тенисер кој има најмногу грен слем титули во историјата на тенисот утринава беше елиминиран од 85 играч на светот Холанѓанецот Ботик ван Де Зандсхулп со 2:1 во сетови.