Почнува судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка.

Јовановски е обвинет за три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик.

Јавноста во Македонија беше шокирана од самобиството на мајката и девојчето, особено откако во јавноста протекоа информации за контуирано насилство и непостапување на институциите. 

 

Слични новости