Со натпреварот меѓу Интер од Мајами и Ал Ахли, ноќта меѓу сабота и недела почнува ФИФА Светското првенство за клубови кои се одржува во САД, на кое учествуваат 32 клуба.

Светското првенство за клубови ќе се игра од 15 јуни до 13 јули на 12 стадиони во 11 американски градови. Пласман во осминафиналето ќе обезбедат двете првопласирани екипи од по 8 групи.

Наградниот фонд изнесува една милијарда евра, а ФИФА смета дека ова е почетокот на нешто револуционерно, како што беше почетокот на Светските првенства за репрезентации во 1930 во Уругвај.

Слични новости

Манчестер јунајтед заинтересиран за голманот на Астон Вила Емилијано Мартинез

Манчестер јунајтед заинтересиран за голманот на Астон Вила Емилијано Мартинез

Британските медиуми наведуваат дека менаџерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим не е задоволен со одбраните на првиот голман Андре Онана во минатата сезона и дека поради тоа решил да ангажира нов чувар на мрежата.

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука, изјави директорот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон за италијанските новинари.