Официјалната програма на Светскиот економски форум започнува денеска во Давос.
На денот на отворањето, говори ќе имаат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг.
Дополнително, планирани се настани со американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, и извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела.
Годишниот состанок е во сенка на изразената желба на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд. Трамп се очекува во Давос утре и е предвидено да одржи и говор.
Околу 3,000 учесници се собираат во швајцарскиот алпски град за состанокот, со цел да разговараат за глобалната економија, трговијата и вештачката интелигенција (ВИ) под мотото „Дух на дијалог“.
Меѓу нив се бројни врвни политичари, како што е германскиот канцелар Фридрих Мерц и стотици корпоративни лидери
Слични новости
Цената на нафтата откако синоќа падна, денеска повторно надмина 100 долари за барел
Раст на цената на нафтата уследи откако вчера се намали за 10 отсто по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи нападите врз Иран и најави разговори со Техеран.
Словенија го ограничи купувањето гориво
Словенија го ограничи купувањето гориво за да се справи со недостигот на бензинските пумпи, предизвикан делумно од прекуграничното снабдување со гориво и складирањето поради војната во Иран.
Голдман Сакс: Европската централна банка во април ќе ги качи каматните стапки
Њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс очекува дека Европската централна банка (ЕЦБ) во април и во јуни ќе ги зголеми каматните стапки за по 25 базни поени.


