Официјалната програма на Светскиот економски форум започнува денеска во Давос.
На денот на отворањето, говори ќе имаат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг.
Дополнително, планирани се настани со американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, и извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела.
Годишниот состанок е во сенка на изразената желба на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд. Трамп се очекува во Давос утре и е предвидено да одржи и говор.
Околу 3,000 учесници се собираат во швајцарскиот алпски град за состанокот, со цел да разговараат за глобалната економија, трговијата и вештачката интелигенција (ВИ) под мотото „Дух на дијалог“.
Меѓу нив се бројни врвни политичари, како што е германскиот канцелар Фридрих Мерц и стотици корпоративни лидери
Слични новости
Вашингтон разгледува опции за економијата, ако нафтата скокне на 200 долари за барел
Администрацијата на Доналд Трамп разгледува што би значел за економијата потенцијален скок на цените на нафтата и до 200 долари по барел што укажува дека високите функционери ги анализираат можните последици од екстремни сценарија во војната со Иран,
Компанијата Мета осудена на казна од 375 милиони долари поради измама на потрошувачите
Компанијата Мета мора да плати 375 милиони долари казна откако поротата во американската држава Њу Мексико утврди дека компанијата ги мамела потрошувачите за безбедноста на своите платформи и овозможила штета на корисниците, вклучувајќи и сексуална експлоатација на деца.
„Шел“ предупредува дека Европа би можела да има недостиг од гориво веќе следниот месец
На Европа би можела да ѝ се закани недостиг на гориво уште следниот месец поради продлабочувањето на кризата на Блискиот Исток, предупреди шефот на „Шел“, Ваел Саван, пренесува британски Телеграф.


