Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска соопшти дека почнува со примена на полиграфско тестирање.
Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата, како и во сите други случаи во согласност со Законот за Агенција за национална безбедност.

Во соопштението се посочува дека законската обврска за примена на полиграфско тестирање е предвидена со основањето на Агенцијата во 2019 година, но поради неспроведување на истата во претходните пет години, негативните реакции и критиките од страна на стручната јавност не изостануваа.
-„Директорот на Агенцијата за национална безбедност во јавните излагања даде ветување дека со сигурност настапува период на исполнување на неспроведената законска обврска, со цел постигнување највисоки стандарди на интегритет, доверба и професионалност во работењето. Со воведување на полиграфско тестирање во Агенцијата истовремено се остварува даденото ветување и целосно се исполнува предвидената законска обврска“, соопштија од АНБ.
Се додава дека Агенцијата за национална безбедност ракува со информации од највисоко ниво на доверливост.
„Примената на полиграфот претставува метод за проценка што ќе овозможи селекција на кадар кој ги исполнува највисоките етички и професионални критериуми за работа, проверување на безбедносната подобност на вработените и минимизирање на ризиците од евентуални компромитирачки активности што би ги загрозиле безбедносните интереси“, појаснуваат од АНБ.
Со примената на полиграфското тестирање, велат од АНБ, правиме значителен чекор кон градење доверба, унапредување на безбедносните практики и стандарди и создавање средина во која интегритетот и професионалноста ќе бидат основни принципи на работењето на Агенцијата за национална безбедност.
Слични новости
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака колу е посветена на железничкиот Коридор 8
Министерот за транспорт и врски Александар Ниоловски смета дека одлуката на бугарската Влада средствата за реконструкција на делот од Софија до Перник и од Перник до Радомир да ги пренасочат за изградба на пруга од Софија до Бургас, е политичка порака во однос на нивната посветеност, односно непосветеност, на изградбата на железничкиот Коридор 8 и дека „во вода паѓа“ и пропаганда против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и против него
Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“, МО има забелешки
Координативно тело за арбитражни постапки во Владата избира адвокатска куќа за разговори на Министерството за одбрана со италијанската компанија „Леонардо“.
Експерти од земјава и странство на подготвителната седница на Уставен суд за Законот за јазиците, ќе се дискутира за шест спорни правни прашања
На 20 март во Уставниот суд ќе се одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава