Од денеска, клиентите на АЛТА банка Битола кои имаат платежни сметки, но немаат платежни картички, ќе можат да ги подигнуваат своите средства на шалтерите во главната филијала на банката во Битола.
Максималниот износ што граѓаните ќе можат да го подигнат е 20.000 денари во период од две недели. Исплатата ќе се одвива според однапред утврден распоред, а клиентите ќе добијат СМС-порака со точниот ден и час за подигање на средствата.
Од 6 ноември, филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота.Од Народната банка апелираат граѓаните да ги почитуваат добиените термини за да се избегнат метеж и подолго чекање.
Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за исплата на готовина, без можност за други трансакции. Во тек се и подготовките за отворање вакви шалтери за пензионерите и корисниците на социјална помош во другите градови во земјава.
Слични новости
И за празникот жешко време во Македонија
Управата за хидрометеоролошки работи за денешниот празничен ден издаде портокалов метеоаларм за високи температури на територијата на целата држава.
Македонија одбележува 35 години независност
На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава
Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје.


