Во тешка атмосфера родителите на загинатите младинци стигнаа пред судницата во Идризово многу пред закажаниот старт на судењето за “Пулс”, кочанскиот објект во кој загинаа 63 луѓе, а над 210 се повредени. Родителите во црнина и во маички со лицата на нивните загинати деца потоа влегоа во судницата која е преполна.

Обемното обвинение поднесен од ОЈО Кочани, опишува повеќедецениски синџир на негрижа, свесни пропусти и корупција, кој почнува од сопствениците на клубот, преку локалната власт оди до повеќе функционери и службеници во неколку државни институции и министерства. Со обвинението се опфатени само двајца актуелни функционери.

Обвинети се 35 физички и 3 правни лица, кои се товарат за делото „Тешки дела против општата сигурност“. Обвинителниот акт укажува на сериозни пропусти во повеќе нивоа на системот. Обвинети се и двајца поранешни министри за економија како и 4-ца екс директори на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

Слични новости

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков