Во Велика Британија започна снимањето на третата сезона на хит серијата „Куќата на земјот“ која е приквел на легендарната серија „Игра на тронови“. Дејствието на серијата е сместено околу 200 години пред настаните во „Игра на тронови“ и е фокусирано на Куќата Таргаријан. Двете серии се снимаа според книгата на Р.Р: Мартин „Оган и крв“.

ХБО соопшти дека за третатасезона ги вклучи во кастот Томи Фланаган кој играше во „Синови на Анархијата“ и Ден Фоглер кој глумеше во „Фантастични чудовишта“. Тие се придружуваат на Мат Смит, Ема Д’Арси, Оливија Кук, Стив Таузенд и Фабијан Франкел кои остануваат во кастот на „Куќата на земјот“.

Се очекува третата сезона на „Куќата на земјот“ да се емитува на ХБО на почетокот од 2026 година.  

Слични новости

Ќе се снима продолжение на „Беше еднаш во Холивуд“

Ќе се снима продолжение на „Беше еднаш во Холивуд“

Американските медиуми јавуваат дека е договорено да се снима продолжение на хитот „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино. Режисер на продолжението, кое е најавено како „дериват“ од првиот филм е Дејвид Финчер, а Тарантино кој нема да биде режисер на филмот е автор на сценариото.

Почина Вал Килмер, брилијантна и потценета филмска ѕвезда

Почина Вал Килмер, брилијантна и потценета филмска ѕвезда

Американскиот актер Вал Килмер, кој почина во средата на 65-годишна возраст, често беше потценет и покрај неговата извонредна актерска палета – тој беше одличен во комедии, вестерни, криминални драми, музички биографии и акциони-авантуристички филмови