Погребот на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск започна денеска во 10 часот. Обредот започна со изнесување на ковчегот од базиликата Свети Петар. Илјадници верници и повеќе од 2.000 новинари од целиот свет се собраа на плоштадот Свети петар за да присуствуваат на закопот на папата Франциск.

Ширум Рим се распоредени модерни одбранбени и безбедносни механизми, вклучувајќи и оружје против дронови, зона на забранети летови во која патролираат борбени авиони, како и антитерористички единици и специјалци против саботажи.

Папата Францикс ќе биде погребан во една од таканаречените „пет папски базилики“ Санта Марија Маџоре во Рим, каде што ќе биде пренесено телото на папата од базиликата Свети Петар. Ватикан соопшти дека на погребот ќе присуствуваат 170 делегации, вклучувајќи околу 50 шефови на држави и 10 кралеви.

Слични новости

Зеленски: Светот не сака да чека на 8. мај за прекин на огнот

Зеленски: Светот не сака да чека на 8. мај за прекин на огнот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник изјави дека светот не сака да чека до 8. мај за најавеното примирје на рускиот претседател Владимир Путин да стапи на сила само неколку дена и повика на прекин на огнот од најмалку 30 дена

Иран предложи средба со европските земји пред следните разговори со САД

Иран предложи средба со европските земји пред следните разговори со САД

Иран предложи состанок со европските страни потписнички на нуклеарниот договор од 2015 година, веројатно уште овој петок во Рим, пред новата рунда разговори со САД, изјавија во понеделник четворица дипломати, предупредувајќи дека сè уште нема одговор од Европејците на предлогот

Масовен прекин на електричната енергија во Шпанија и Португалија, причината сè уште не е позната

Масовен прекин на електричната енергија во Шпанија и Португалија, причината сè уште не е позната

Во моментов нема индиции дека сајбер напад е причина за прекинот на електричната енергија во Шпанија и Португалија, напиша претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на платформата X во понеделник