
Во Хрватска отпочна еднонеделниот бојкот на трговскиот синџир Конзум, врз основа на анкетата која меѓу граѓаните ја спроведе платформата „Ало инспекторе“ на својата Фејсбук страница. Со одлука на потрошувачите, трговскскиот синџир кој ќе се бојкотира од 8 до 14 февруари е Конзум, пренесува Хина. За бојкотот на Конзум гласаа 31,7 насто од потрошувачите, додека за Плодине гласаа 29,1 насто.
Вчера во сила стапи владината одлука за директни мерки на контрола на цените на одредени производи во трговиите на мало, со која е утврдена листа од 70 производи со ограничени цени. Со таа мерка, владата сака да им помогне на граѓаните во заштитата од високи цени во маркетите.
Претходно на листата со контролирани цени од септември 2023 беа 30 производи.
Слични новости
Три деца со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун
Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун
Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката
Протестот „15 за 15“, за кој според опозициските медиуми бил еден од најголемите во историјата на Белград, заврши во саботата вечерта пред предвиденото по инцидентите во кои беа повредени 56 лица, 22 беа уапсени, а по првиот инцидент студентите се повлекоа и порачаа дека повеќе тоа не е студентски протест
Тензично во Белград пред големиот студентски протест закажан за 16 часот
Синоќа од разни правци на Србија пристигнуваа студенти кои беа пречекани од Белграѓани кои ги дочекаа на Теразије. Се проценува дека излегоа над 30.000 граѓани да ги дочекаат студентите