Поранешниот американски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Џими Картер почина во неделата на 100-годишна возраст, јавуваат американските медиуми.
Картер, демократ, беше 39-ти претседател на САД од 1977 до 1981 година. Џими Картер наполни 100 години во октомври и беше најстариот жив американски претседател на сите времиња.

Поранешниот американски претседател Џими Картер почина на 100-годишна возраст, објави Atlanta Journal-Constitution.
„Поранешниот претседател Џими Картер, човекот кој редефинира каков би можел да биде животот по претседателската функција, почина во неделата. Имаше 100 години“, се вели во материјалот.
Според весникот The Washington Post, Картер починал во неделата во својот дом во Плејнс, во американската сојузна држава Џорџија, потврдил неговиот син Џејмс Е. Картер Трети.
Слични новости
Во новите израелски воени напади убиени 20 луѓе во Газа
Израелската војска уби најмалку 20 Палестинци во воздушните напади во Газа во средата, соопштија медицинските лица, и продолжила со бомбардирањето, издавајќи наредби на жителите да се евакуираат од борбените зони
Кремљ ја обвинува Украина дека се обидува да ги опструира руско-американските мировни
Кремљ во средата ја обвини Украина дека сака да ги опструира руско-американските напори за решавање на конфликтот, прекорувајќи и дека веднаш не ги прекинал нападите врз енергетската инфраструктура, како што се договорија рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп
Зеленски против отстапките за Русија за помошта од Западот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата повика да не се прават „отстапки“ на Русија, која бара прекин на помошта од Западот за Киев пред да се постигне прекин на огнот, најавувајќи дека во среда ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп