Познатиот продуцент и менаџер на холивудско студио Стенли Џефи кој доби Оскар за Крамер против Крамер со Дастин Хофман и Мерил Стрип во 1980 почина денеска на 84 годишна возраст. Џефи ги продуцираше и филмските хитови „Фатална привлечност“ со Мајкл Даглас и Глен Клоус, како и „Збогум“, „Колумбус„ и „Тешкотијата на лошите вести“.

Стенли Џефи беше син на Лео Џефи менаџер на студиото Колумбија. Тој имаше и Оскар номинација за „Фатална привлечност“ заедно со Шери Ленсинг со која осум години имаа заедничка продукција.

На само 29 години тој беше извршен претседател на Парамаунт, со што стана најмладиот директор на големо холивудско студио и даде зелено светло за снимањето на филмовите „Љубовна приказна“ во 1970 и култниот филм „Кум“ од 1972 со Марлон Брандо.

Слични новости

Филмот „Мики 17“ на врвот на бокс офисот во Северна Америка

Филмот „Мики 17“ на врвот на бокс офисот во Северна Америка

„Мики 17“, новиот филм на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун-хо, кој го освои Оскар за најдобар филм со „Паразит“ во 2020 година, е водечки во северноамериканскиот бокс офис овој викенд, според проценките објавени во неделата од специјализираната фирма Exhibitor Relation