Поранешниот сопственик на тим во Формула 1, Еди Џордан, почина во својот дом во Кејп Таун на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Џордан боледуваше од рак на простата.

 

Харизматичниот Ирец стана сопственик на Формула 1 тимот во 1991 година и го водеше до 2005 година под името Џордан, додека тимот сега се натпреварува под името Астон Мартин. Веднаш во текот на неговата прва сезона во Формула 1, Џордан му даде шанса да дебитира на тогаш младиот Михаел Шумахер.

„ЕјЏеј донесе прегрст харизма, енергија и ирски шарм каде и да отидеше. Ќе остави огромна празнина“, објави семејството Џордан.

globe

Слични новости

Рома без Дибала до крајот на сезоната

Рома без Дибала до крајот на сезоната

Италијанскиот фудбалски клуб Рома објави дека неговиот напаѓач и аргентински интернационалец 31-годишниот Пауло Дибала ќе го пропушти остатокот од сезоната поради операција на левиот бутен мускул