Писателот, колумнист и новинар Теофил Панчиќ синоќа почина по долго и тешко боледување, објави српскиот неделник време, каде што Теофил Панчиќ беше редовен колумнист.
Тој е роден во Скопје во 1965 како дете на воено лице, а потоа се пресели во Загреб. Од 90-тите години живееше на релација Белград-Нови сад, а за себе секогаш велеше дека е Војводинец.
Автор е на повеќе од 20 книги, повеќето збирки на есеи меѓу кои се издвојуваат „Урбани бушмани“, Чувари на бенгалскиот огин“ и „Посебни знаци“.
Панчиќ беше новинар кој секогаш беше критички настроен кон власта во своите остри колумни.
Слични новости
„Ризикот од летање“ на Мел Гибсон прв на американскиот Бокс офис
„Ризикот од летање“ прв филм што го режира Мел Гибсон по речиси цела деценија, е на првото место на американскиот Бокс офис. Филмот, во кој главната улога ја толкува Марк Валберг, заработи скромни 12 милиони долари на американскиот пазар но му беа доволни за да биде на првото место.
Глен Клоуз предупреди на заканата од вештачката интелигенција и порача дека не сака нејзиниот изглед и глас да бидат реконструирани
Сега тука допонително е е заканата од вештачката интелигенција. „Не сакам мојата слика или гласот да бидат реконструирани од машини. На луѓето им требаат работни места порача Глен Клоуз.
Јапонец пристигна во Кејп Таун во неделата, завршувајќи го патувањето долго повеќе од 6.000 километри
Јапонец пристигна во Кејп Таун во неделата, завршувајќи го патувањето долго повеќе од 6.000 километри, влечејќи рикша од Кенија до Јужна Африка.