Писателот, колумнист и новинар Теофил Панчиќ синоќа почина по долго и тешко боледување, објави српскиот неделник време, каде што Теофил Панчиќ беше редовен колумнист.

Тој е роден во Скопје во 1965 како дете на воено лице, а потоа се пресели во Загреб. Од 90-тите години живееше на релација Белград-Нови сад, а за себе секогаш велеше дека е Војводинец.

Автор е на повеќе од 20 книги, повеќето збирки на есеи меѓу кои се издвојуваат „Урбани бушмани“, Чувари на бенгалскиот огин“ и „Посебни знаци“.

Панчиќ беше новинар кој секогаш беше критички настроен кон власта во своите остри колумни.

Слични новости

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес