Слај Стоун, водач на бендот Sly and the Family Stone, еден од највлијателните бендови во развојот на фанк, соул, аренби, рок и психоделична музика, почина на 82 години, објави неговото семејство во понеделникот, а пренесуваат американските медиуми.
Музиката на овој пионер на фанкот со вистинско име Силвестер Стјуарт ја предизвика соул експлозијата во 1960-те.

„Со длабока тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан татко Слај Стоун од Sly and the Family Stone“, се вели во соопштението на неговото семејство.
„По долга борба со ХОББ и други здравствени проблеми, Слај почина мирно, опкружен со своите три деца, најблиски пријатели и пошироко семејство. Додека тагуваме по неговата смрт, се утешуваме со сознанието дека неговото извонредно музичко наследство ќе продолжи да ги инспирира идните генерации“, се додава во објавата.
Уметникот, кој исто така се бореше со злоупотреба на дрога, одржа незаборавен концерт со својот бенд на фестивалот Вудсток во август 1969 година.
За многумина, Слај Стоун беше музички гениј кој го создаде звукот на иднината и ги постави темелите за уметници како Принс, Мајлс Дејвис, Chili Peppers и OutKast.
Слај и бендот Family Stone беа примени во Рокенрол куќата на славните во 1993 година.
Слични новости
Новиот контроверзен филм Ритуал со Ал Пачино, со слаби оценки од публиката и критиката
Филмот на режисерот Деввид Мидел што го предводи мега ѕвездата Ал Пачино е базиран на вистинити настани, врз основа на книгата „Ритуал“ која предизвикува полемики во Америка со децении.
Мајкл Даглас ќе ја презентира новата реставрирана верзија на култниот филм „Лет над кукавичкото гнездо“
„Лет над кукавичкото гнездо“ од 1975 што се смета за филмска класика, ги освои сите значајни категории на Оскарите таа година, вклучувајќи го и Оскарот за филм на годината што му беше врачен на Мајкл Даглас како продуцент на филмот
Почина Брајан Вилсон, основач на култните Beach Boys
Вилсон страдал од деменција и не можел да се грижи за себеси откако неговата сопруга, Мелинда Вилсон, почина на почетокот на 2024 година