Слај Стоун, водач на бендот Sly and the Family Stone, еден од највлијателните бендови во развојот на фанк, соул, аренби, рок и психоделична музика, почина на 82 години, објави неговото семејство во понеделникот, а пренесуваат американските медиуми.

Музиката на овој пионер на фанкот со вистинско име Силвестер Стјуарт ја предизвика соул експлозијата во 1960-те.

„Со длабока тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан татко Слај Стоун од Sly and the Family Stone“, се вели во соопштението на неговото семејство.

„По долга борба со ХОББ и други здравствени проблеми, Слај почина мирно, опкружен со своите три деца, најблиски пријатели и пошироко семејство. Додека тагуваме по неговата смрт, се утешуваме со сознанието дека неговото извонредно музичко наследство ќе продолжи да ги инспирира идните генерации“, се додава во објавата.

Уметникот, кој исто така се бореше со злоупотреба на дрога, одржа незаборавен концерт со својот бенд на фестивалот Вудсток во август 1969 година.

За многумина, Слај Стоун беше музички гениј кој го создаде звукот на иднината и ги постави темелите за уметници како Принс, Мајлс Дејвис, Chili Peppers и OutKast.

Слај и бендот Family Stone беа примени во Рокенрол куќата на славните во 1993 година.

globe

Слични новости

Бред Пит купи и пресели во Калифорнија монтажна куќа од 1969. година

Бред Пит купи и пресели во Калифорнија монтажна куќа од 1969. година

Холивудската ѕвезда Бред Пит купи и пресели во Калифорнија монтажна куќа која е дело на познатиот грчки архитект Николаос Ксастерос од 1969, а која ја реставрираше познатиот француски дизјанер на мебел Клемент Сивилино.

Новиот контроверзен филм Ритуал со Ал Пачино, со слаби оценки од публиката и критиката

Новиот контроверзен филм Ритуал со Ал Пачино, со слаби оценки од публиката и критиката

Филмот на режисерот Деввид Мидел што го предводи мега ѕвездата Ал Пачино е базиран на вистинити настани, врз основа на книгата „Ритуал“ која предизвикува полемики во Америка со децении.