Слај Стоун, водач на бендот Sly and the Family Stone, еден од највлијателните бендови во развојот на фанк, соул, аренби, рок и психоделична музика, почина на 82 години, објави неговото семејство во понеделникот, а пренесуваат американските медиуми.
Музиката на овој пионер на фанкот со вистинско име Силвестер Стјуарт ја предизвика соул експлозијата во 1960-те.

„Со длабока тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан татко Слај Стоун од Sly and the Family Stone“, се вели во соопштението на неговото семејство.
„По долга борба со ХОББ и други здравствени проблеми, Слај почина мирно, опкружен со своите три деца, најблиски пријатели и пошироко семејство. Додека тагуваме по неговата смрт, се утешуваме со сознанието дека неговото извонредно музичко наследство ќе продолжи да ги инспирира идните генерации“, се додава во објавата.
Уметникот, кој исто така се бореше со злоупотреба на дрога, одржа незаборавен концерт со својот бенд на фестивалот Вудсток во август 1969 година.
За многумина, Слај Стоун беше музички гениј кој го создаде звукот на иднината и ги постави темелите за уметници како Принс, Мајлс Дејвис, Chili Peppers и OutKast.
Слај и бендот Family Stone беа примени во Рокенрол куќата на славните во 1993 година.
Слични новости
„Како да го тренирате вашиот змеј“ ќе оствари профит од близу 200 милиони долари во премиерниот викенд
Адаптацијата на филмот од 2010 „Како да го тренирате вашиот змеј“, се очекува да отвори со заработка од 84 милиони долари на Бокс Офисот во САД и близу 200 милиони долари глобално.
Илјадници британски студенти направиле плагијати на своте трудови користејќи вештачка интелигенција
Истражувањето што го спроведе лондонскиот весник гардијан покажа дека илјадници студенти минатите години го злоупотребиле „ЧетЏипити“ и други алатки на вештачката интелигенција, додека другите традиционални начини за пишување плагијати се значително намалени.
Метју МекКонахи повторно ќе соработува со креаторот на „Вистински детектив“ Ник Пицолато
Холивудските медиуми известуваат дека дојде време за нова соработка меѓу актерот Метју МекКонахи и креаторот на „Вистински детектив“ Ник Пицолато, кои имаа огромен успех со првата сезона на „Вистински детектив“ за ХБО од 2014.