Почина Владимир Блажев-Панчо, еден од членовите на дуото „ДНК“, кој настрада во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.
Блажев беше на лекување во приватна скопска болница од март. Според последните информaции од пред неколку седмици од негови блиски соработници, состојабата на музичарот била стабилна.
„Информацијата е точна, Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба“, соопштија од Обвинителството
Владимр Блажев-Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. Пред да го снимат првиот сингл со Андреј Ѓорѓиески за дуото „ДНК“ во 2001, тој беше член на „ОК бенд“. Дуото сними шест албуми и важеа за едни од најпопуларните на македонската музичка сцена. Со голем концерт во 2022 во салата „Борис Трајковски“ тие прославија 20 години кариера.
Блажев и Ѓорѓиески, кој почина во пожарот во Кочани, беа едни од најхуманите музичари на естрадата. Често донираа за сиромашни семејства, поддржува млади музичари и спортисти и одржуваа хуманитарни концерти.
Во пожарот во кочанската дива дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 63 лица и 200 беа повредени. Меѓу загинатите се повеќето членови на ДНК: пејачот Андреј Ѓорѓиески, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, клавијатуристот Филип Стевановски, инаку директор на Центарот за култура во Штип и Мартин Атанасовски, кој настапуваше со бендот како битбоксер.
Слични новости
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани
Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ


