Фудбалскиот навивач кому му се слоши на стадионот во 72. минута од квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Финска и Полска во Хелсинки во вторникот почина ден подоцна во болница, објави француската новинска агенција AFP, повикувајќи се на финската полиција.

Откако на навивачот нагло му се слошило, му беше укажувана итна медицинска помош на самите трибините а натпреварот беше прекинат 40 минути. Иако беше итно префрлен во болница, од каде што најпрво беше известено во вторникот вечерта дека е стабилизирана неговата состојна, лекарите не можеледа го спасат.
Ова е втор смртен случај на навивач на меѓународни натпревари во изминатата седмица, откако еден навивач почина откако падна од горната на долната трибина за време на финалето на Лигата на нациите меѓу Шпанија и Португалија во Минхен во неделата.
Слични новости
Македонскиот напаѓач Миовски заминува од Жирона, најверојатно за Шкотска
Според последните информации, за Миовски е заинтересиран и Селтик кој понудил шест милиони фунти за ангажирање на македонскиот фудбалер.
Најголемиот аргентински талент Мастантуоно потпиша за Реал Мадрид
Реал Мадрид денеска и официјално го потврди ангажманот на еден од најголемите светски таленти, Франко Мастантуоно.
Филипо Инзаги ја напушти Пиза откако го водеше тимот до Серија „А“
Италијанските медиуми пишуваат дека се очекува Инзаги, кој го водеше и Беневенто до Серија „А“, сега да стане тренер на клубот од Серија „Б“, Палермо.