Англискиот музичар Крис Рија, веројатно најпознат на пошироката јавност по божикниот хит „Driving Home for Christmas“, почина во понеделникот на 74-годишна возраст, објави портпаролот на неговото семејство.

 

„Почина мирно во болница по кратко боледување, опкружен со своето семејство“, се вели во соопштението од неговата сопруга и двете деца.

На пејачот, кој имаше два албума број еден во својата кариера на британските топ листи, му беше дијагностициран рак на панкреасот пред околу две децении и му беше отстранет панкреасот во 2001 година.

Покрај омилениот празничен хит, Рија постигна успех кон крајот на 1970-те и 1980-те со песните „Fool (If You Think It’s Over), „Let’s Dance“, „Auberge“ и „The Road To Hell“.

globe

Слични новости

Британија подготви закон за забрана на готвење живи јастози и ракови

Британија подготви закон за забрана на готвење живи јастози и ракови

Британската влада подгтовува закон за забрана на готвење живи јастози и школкарки. Владата би била подготвена да признае дека јастозите, раковите, октоподите, лигњите и другите безрбетници можат да „чувствуваат болка“, како дел од закон со кој животните би се признале како „свесни суштества“

Актерот Џејмс Рансон извршил самоубиство

Актерот Џејмс Рансон извршил самоубиство

Американскиот актер Џејмс Рансон, познат по улогата на Зиги Соботка, пристаништен работник кој станува гангстер во серијата „Жицата“, почина на 46-годишна возраст, соопштија властите во сојузната држава Калифорнија