Сер Том Стопард, еден од најпознатите британски драматурзи, почина на 88 години, соопштија неговите агенти.

Сер Том, кој освои Оскар и Златен глобус за сценариото за „Вљубениот Шекспир“, „почина мирно во својот дом во Дорсет, опкружен со своето семејство“.

Негови други значајни дела се „Вистинската работа“ и „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“, кој и го режираше.

„Ќе биде запаметен по своите дела, нивниот гениј и човечност, по неговата духовитост, неговиот великодушен дух и неговата длабока љубов кон англискиот јазик…. Претставуваше чест да соработуваме со Том и да го познаваме“, соопшти агенцијата на Стопард, United Agents.

Кариерата на Стопард се протегаше на сцената, екранот и радиото, и ја покажува неговата жед за занимавање со сè, од математика до дадаистичка уметност и градинарство.

Во 1997 година, беше прогласен за витез за неговиот придонес во театарот.

Неговата најнова претстава „Леополдштат“, првпат изведена во 2020 година, ја следи приказната за еврејско семејство во Виена инспирирано од неговата сопствена историја.

Стопард е роден како Томас Штрауслер во 1937 година во тогашна Чехословачка, и како еврејско семејство тие избегале од нацистите и на крајот се населиле во Британија.

globe

Слични новости

Грците се повеќе и веруваат на вештачката интелигенција и управувањето со парите

Грците се повеќе и веруваат на вештачката интелигенција и управувањето со парите

Третина од испитаните Грци преферира своите финансиски состојби да ги дели со бот на ВИ, а 38 насто изјавиле дека се чувствуваат помалку осудувани кога разговараат за заостанати долгови со вештачката интелигенција, што е за дури 10 насто повеќе отколку минатата година