Сер Том Стопард, еден од најпознатите британски драматурзи, почина на 88 години, соопштија неговите агенти.
Сер Том, кој освои Оскар и Златен глобус за сценариото за „Вљубениот Шекспир“, „почина мирно во својот дом во Дорсет, опкружен со своето семејство“.
Негови други значајни дела се „Вистинската работа“ и „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“, кој и го режираше.
„Ќе биде запаметен по своите дела, нивниот гениј и човечност, по неговата духовитост, неговиот великодушен дух и неговата длабока љубов кон англискиот јазик…. Претставуваше чест да соработуваме со Том и да го познаваме“, соопшти агенцијата на Стопард, United Agents.
Кариерата на Стопард се протегаше на сцената, екранот и радиото, и ја покажува неговата жед за занимавање со сè, од математика до дадаистичка уметност и градинарство.
Во 1997 година, беше прогласен за витез за неговиот придонес во театарот.
Неговата најнова претстава „Леополдштат“, првпат изведена во 2020 година, ја следи приказната за еврејско семејство во Виена инспирирано од неговата сопствена историја.
Стопард е роден како Томас Штрауслер во 1937 година во тогашна Чехословачка, и како еврејско семејство тие избегале од нацистите и на крајот се населиле во Британија.
Слични новости
„Бугониа“, „Сират“ и „Звукот на падот“ со најмногу номинации за европските филмски награди во техничките категории
Европската филмска академија ги соопшти номинациите за Европските филмски награди ЕФА за 2026 за техничките категории, а најмногу номинации има филмот на грчкиот режисер Јоргос Лантимос „Бугониа“ со Ема Стоун „Бугониа“
Џакарта стана најнаселен град во светот
Токио веќе не е најнаселениот град на свет, туку го престигнаа Џакарта и Дака, покажуваат најновите податоци на Обединетите Нации. Џакарта е на првото место со близу 42 милиони жители
Шпански златник од 1609. го собори европскиот рекорд на аукција
Голема златна монета искована во 1609 година за шпанскиот крал Филип III ги собори рекордите и стана највредната монета во Европа


