Актерот Сем Нил, кој потекнува од Нов Зеланд, а се прослави со улогите во „Јура парк“, „Пијано“ „Во устата на лудилото“ и многу други, почина на 78-годишна возраст.

Сем Нил ненадејно почина во Сиднеј Австралија, опкружен со своето семејство, објави неговата фамилија на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Сем Нил ја започна кариерата уште во 1977 со Новозеланскиот филм „заспани кучиња“ а го играше и „Демијан“ во третото продолжение на хоророт „Омен“. Во 1990 глумеше руски офицер во „Потрага по Црвениот октомври“ со Шон Конери, а на телевизија играше во голем број серии.

Особено ќе остане запаметен по улогата на корумпираниот полицаец во антологиската серија „Пики блајндерс“ со Килијан Марфи.

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.