Боксерската легенда Џорџ Форман, поранешен светски првак во тешка категорија, почина на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Џорџ Форман беше еден од најголемите во боксот. Тој стана светски првак откако ја презеде титулата во супертешка категорија од Џо Фрејзер во меч кој заврши со нокаут, а Фрејзер дури шест пати падна на подот во првите две рунди.

Во еден од најголемите боксерски спектакли на минатиот век во Киншаса загуби од Мохамед Али и ја загуби титулата. Во 1977 година, на 28-годишна возраст, по поразот со нокаут од Џими Јанг, тој објави дека неговата кариера е завршена.
Десет години подоцна, Форман се врати и во ноември 1994 година, 20 години по битката против Али, стана најстариот светски шампион во тешка категорија во историјата – на 45-годишна возраст постигна спектакуларна победа со нокаут против Мајкл Мурер.
Форман го одбрани шампионскот појас во 1995 година со контроверзна победа против Аксел Шулц. Во 1997 година стави конечен крај на кариерата.
Слични новости
Евролига: Баерн го оддалечи Партизан од доигрувањето
Кошаркарите на Партизан беа поразени од Баерн Минхен со 89:74 (21:23, 21:21, 23:19, 24:11) во 32. коло од Евролигата, со што шансите за пласман во баражот во Евролигата ги намалија на минимум
Одржана жрепката за Евробаскет
Жрепката за годинешното Европско првенство во кошарка беше одржана во летонскиот главен град Рига
Мбапе најмногу заработува во Европа, а Халанд во Премиер лигата
Францускиот спортски весник L’Equipe објави истражување за најплатените играчи и тренери во водечките европски фудбалски клубови, а најголемите бруто плати ги имаат напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне