Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст.
Шефицата на неговиот кабинет, Меган Лојд, ја потврди неговата смрт во е-пошта до Reuters, пишувајќи дека починал „рано утрово во својот дом во Санта Моника по кратка респираторна болест“.
Највпечатливите и најбунтовни креации на Гери се прогласени за генијални дела, но исто така се критикувани како себични неуспеси.
До средината на 1980-те, Гери привлече меѓународно внимание со згради обложени со не’рѓосувачки челик или алуминиум кои изгледаа како да се виткаат или нишаат, уривајќи ги архитектонските конвенции.
Во 2010 година, панел од експерти составен од магазинот Vanity Fair го оцени Музејот во Билбао како најважно архитектонско дело од 1980 година. Познатиот архитект Филип Џонсон го нарече „најголемата зграда на нашето време“, а Гери „најголемиот архитект што го имаме“.
Во март 2015 година, кампусот на Facebook во Менло Парк, во Калифорнија, беше отворен со масивни нови згради дизајнирани од Гери. Тој, исто така, го дизајнираше музејот „La Fondation Louis Vuitton“ во Париз во 2014 година.
Неговите критичари го обвинија дека ја пренебрегнува функцијата за формата. Тој го игнорираше тоа, велејќи за разговроот за весникот The New Yorker во 2007 година: „Барем гледаат!“.
Во 1989 година, Гери ја освои Прицкеровата награда, најпрестижната награда во архитектурата.
Гери е еден од најголемите современи архитекти, пионер на деконструктивизмот. Во 1989 година ја освои Прицкеровата награда за архитектура. Гери е автор на некои од најпознатите примери на деконструктивистичка архитектура: Музејот „Гугенхајм“ во Билбао (1997), Концертната сала „Волт Дизни“ во Лос Анџелес (2003) и „Куќата која танцува“ во Прага (1995), „Experience Music Project“ во Сиетл и резиденцијалната куло на „Street Spruce 8“ на њујоршки Менхетен.
Слични новости
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија
Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа
Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година
Netflix ги купува филмските и ТВ-студија на Warner Bros
Стриминг гигантот „Netflix“ објави во петокот дека постигнал договор со„ Warner Bros. Discovery“ за купување на филмски и телевизиските студија, вклучувајќи ја и платформата HBO Max


