Американскиот актер Стејси Кич, познат по улогите на детективот Мајк Хамер и писателот Ернест Хемингвеј, почина на 85 годишна возраст од срцева слабост, соопшти неговата сопруга.

Кич за време на повеќедецениската кариера имаше големи улоги на филмот, телевизијата и театарот, а беше особено препознатлив по интерпретацијата на сложени и често непредвидливи ликови. Широка популарност стекна како приватениот детектив Мајк Хамер, јунак на криминалистичките серии базирани на романите на Мики Спилејн

Стејси Кич освои и „Златен глобус“ во 1988 за улогата на Ернест Хемнигвеј во мини серијата „Хемингвеј“, а играше и во огромен број други серии и филмови.  

 

Слични новости

Истражувачите тврдат дека ја пронајдоа „Ноевата арка“

Истражувачите тврдат дека ја пронајдоа „Ноевата арка“

Истражувачите на организацијата „ Noah’s Ark Scans“ кои со години ја испитуваат формацијата Дурупинар на истокот од Турција, тврдат дека новите радарски истражувања дополнително ја засилиле тезата дека под земјата се наоѓаат остатоци од структурата која се поврзува со библиската „Ноева арка“.