Актерот Питер Грин (60) познат по улогите на негативен лик во филмовите  „Pulp fiction“ и „Mask“ почина во неговиот дом во Њујорк, соопшти неговиот менаџер, а причината за смртта сеуште не е објавена, пренесува американската телевизија Ен Би Си.

Грин стекна репутација на актер главно играјќи негативец, а особено останаа запаметени неговите улоги на Зед во „Pulp fiction“ на Квентин Тарантино и Доријан во филмот „Маска“ со Џим Кери.

Питер Грин беше роден на 8 октомври 1965 во Монтклер Њу Џерси, а актерската кариера ја започна во дваесеттите години во Њујорк.

 

Слични новости

Најдобрите филмови на Роб Реинер

Најдобрите филмови на Роб Реинер

Негов најдобар филм се смета трилерот „ Неколку добри луѓе“ од 1992, со Том Круз, кој доби 4 номинации за оскар, а критиката ги смета сцените со Џек Николсон во судницата за едни од најдобрите во неговата кариера.

Холивуд „скршен“ поради смртта на режисерот Роб Реинер и неговата сопруга

Холивуд „скршен“ поради смртта на режисерот Роб Реинер и неговата сопруга

Холивудските актери, како и американските политичари, оддаваат почит по смртта на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел, кои беа пронајдени мртви во нивниот дом во неделата, велејќи дека се „скршени“ по трагичната вест