Актерот Питер Грин (60) познат по улогите на негативен лик во филмовите „Pulp fiction“ и „Mask“ почина во неговиот дом во Њујорк, соопшти неговиот менаџер, а причината за смртта сеуште не е објавена, пренесува американската телевизија Ен Би Си.
Грин стекна репутација на актер главно играјќи негативец, а особено останаа запаметени неговите улоги на Зед во „Pulp fiction“ на Квентин Тарантино и Доријан во филмот „Маска“ со Џим Кери.
Питер Грин беше роден на 8 октомври 1965 во Монтклер Њу Џерси, а актерската кариера ја започна во дваесеттите години во Њујорк.
Слични новости
Урсула фон дер Лајен најмоќна жена во 2025
На листата на 100 најмоќни жени во светот за 2025 година на угледниот американски магазин Форбс на прво место е претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
Килиан Марфи во преговори за третиот дел од „28 години подоцна“
Сони е во напредна фаза на претпродукција на третиот дел на филмот „28 години подоцна“ а за третото продолжение сакаат повторно да го ангажираат оскаровецот Килиан Марфи кој играше во првиот филм пред 20 години
Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон повторно ќе играат во „Hunger Games“
Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон кои играа во оригиналниот „Hunger Games“ на студиото Лајонсгејт, повторно ќе играат заедно во шестото продолжение на франшизата.


