Актерот Питер Грин (60) познат по улогите на негативен лик во филмовите  „Pulp fiction“ и „Mask“ почина во неговиот дом во Њујорк, соопшти неговиот менаџер, а причината за смртта сеуште не е објавена, пренесува американската телевизија Ен Би Си.

Грин стекна репутација на актер главно играјќи негативец, а особено останаа запаметени неговите улоги на Зед во „Pulp fiction“ на Квентин Тарантино и Доријан во филмот „Маска“ со Џим Кери.

Питер Грин беше роден на 8 октомври 1965 во Монтклер Њу Џерси, а актерската кариера ја започна во дваесеттите години во Њујорк.

 

Слични новости

Концерт на Влатко Стефановски во Белград

Концерт на Влатко Стефановски во Белград

Влатко Стефановски во неговата кариера која трае половина век, со групата „Леб и сол“, но и со соло настапите, се покажа како извонреден инструменталист, пишува белградска „Политика“.