На 75. годишна возраст синоќа почина легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер Гоце Тодоровски, објави неговото семејство.
Тодоровски е роден 1951 година во Кичево.
По завршување на факултетот, тој се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар.
Ќе остане запаметен по улогите во „Македонски народни приказни“, „Бушава азбука“, „Балкан бенд“, „Трст виа Скопје“, „Солунски патрдии“, „Хихирику“, „Викенд на мртовци“, „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“.
Во 2023, претседателот Стево Пендаровски го одликуваше со Орден за заслуги за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
